Колку пчелни производи постојат?
Знаете ли дека само еден од десет консументи и љубители на мед можат да ги набројат сите пчелни производи? Пчелите се специјалисти за дури шест производи од кои за 3 „суровините“ ги наоѓа во природата, а за други три самата ги произведува од своите жлезди. Така, од цветот си го собираат нектарот, од кој го прават медот, потоа поленот, а прополисот го собираат од пупките на некои растенија. Од друга страна, пак, восокот, матичниот млеч и пчелиниот отров се директен производ на самите пчели работнички. Сите овие вредни како злато производи се користат во исхраната на луѓето, во козметиката и секако во фармацијата. Затоа и за пчелното семејство се вели дека е една „совршена природна лабораторија“