MELIUS - Животна есенција
Отсекогаш човек сакал да посегне кон боговите.
Да ги дофати висините во кои времето стои, каде вечноста и часот се исто.
Затоа и давал сè од себе да створи совршенство.
Многу историја е испишана во тие обиди.
Создадени се големи дела, кои стојат таму, близу небесниот свод.
И повторно, откога е светот и векот, одекнува на сите нам познатото нешто:
Совршенството не постои.
Или барем не е така очигледно и лесно забележливо на човечкото око.
Но ако се искачиме доволно високо, на 1680 метри надморска височина…
И се загледаме во природата на Националниот парк Маврово…
И уште повнимателно во падините на врвот Меденица…
Ќе видиме живот кој постои само на тоа место.
И за тој живот важат посебни правила.
Ќе видиме автохтони планински растенија, кои во моќната клима научиле од тлото да го извлечат она најсилното.
Да од сонцето го земат најзлатното.
Од капката, најбистрото.
Да во најмалото најдат живот…
За да преживеат!
Како да сите тие билки тежат кон сопствено совршенство.
Но за разлика од луѓето, природата може да е совршена.
Тоа е посебно јасно во пролет, кога планинските ливади на Маврово ќе расцветаат.
Кога билките сиот свој бесконечно богат живот ќе го претворат во…
Цвет!
И тогаш…
На тој цвет ќе слета пчела.
Apis mellifera macedonica, пчела родена во тоа совршенство од природа.
Македонска пчела, единствена таква, на целиот свет. Непогрешливо го одбира цветот најполн со живот.
Од него го одбира најчистиот нектар и полен.
И почнува да го создава уникатниот еликсир, создаден од најчистиот живот на недопрената природа.
И во нашите кошници, во недопрената природа на 1680 метра надморска височина…
Таа пчела го дава најдоброто од себе.
Дава еликсир!
Единствен таков, на целиот свет!
Тука пред вас чека храната на боговите.
Совршенство кое постои.
MELIUS
Животна есенција.