ПРИКАЗНАТА ЗА МЕДЕНИЦА
Ние веруваме во невозможното.
Не дозволуваме да не сопре тоа што никој пред нас не успеал.
Единствената македонска пчела која собира нектар на 1680 метри надморска висина. Под врвот Меденица на планината Бистра. Тука се и нашите кошници. Не за да докажеме дека невозможното е возможно. Туку затоа што тоа е единствениот начин да се добие овој мед. Мед кој во себе ја носи силата и убавината на илјадници животи на ендемичните планински билки и на нашите единствени пчели. И да можеме пред вас да го принесеме ова неоткриено богатство создадено во недопрена природа.
Создадено на падините на Меденица, на магичното место каде што секој живот станува уште пожив.
Тука се создава еликсирот преполн со живот. Магијата на виталноста преточена во мед, единствен таков, на целиот свет. И затоа сме и ние тука.

Пчелата е Apis mellifera macedonica, а нашиот мед е MELIUS.
Животна есенција.
ЗОШТО MELIUS?
„MELIUS е уникатен мед добиен од пчелни семејства одгледувани на непрегледните падини на Бистра каде „царуваат“ автохтони и ендемски медоносни растенија. Во такви услови на недопрена, но сепак сурова природа, пчелните семејства се одгледувани на начин кој овозможува постојано следење на нивната состојба (развој, здравствена состојба, производство и сл.) со воедно минимално вознемирување. Технологијата на одгледување во Gold Bricks е резултат на искуството и тестирањето спроведено од нашиот пчеларски тим, а во основа се базира на најсовремените пристапи за добивање (собирање) мед, како и други пчелни производи. Пчелите се одржуваат здрави и продуктивни единствено со употреба на авангардните биотехнички методи т.е. без употреба на масовно употребуваните синтетички хемиски средства и додатоци за здравствена заштита и прихрана.
MELIUS
ИСТРАЖУВАЊЕ
MELIUS
БЕЗБЕДНОСТ
MELIUS
ПЧЕЛАРСКА
технологија
MELIUS
ПРИРОДНИ
ресурси
MELIUS
РАЦИОНАЛИЗАЦИЈА
MELIUS
ЗАШТИТА НА
биодиверзитет