Melius Virgin Honey
Мед со единствена арома, вкус и квалитет од падините на Меденица каде веднаш под небесниот свод пчелите го создаваат овој ендемичен коктел од нектар и полен. Добиен на 1680 метри надморска висина MELIUS VIRGIN HONEY потекнува од недопрена природа на Националниот парк Маврово што е една од причините за супериорниот квалитет и безбедност. Тука, во срцето на Бистра, нектарот и поленот од цветовите на најмалку 27 локални и ендемични видови медоносни растенија го прават овој пчелен производ раритетен и достапен само за малкумина.
“MELIUS VIRGIN HONEY е мед со светло-килибарна боја и постојан и префинет сладок интензитет. Се карактеризира со специфичен профил на цветна и овошна арома со контури на елегантниот Crème de cassis.“ – д-р Raffaele Dall’Olio
Анализите на EURОFINS и Italian Register of Experts in the Sensory Analysis of Honey се потврда за квалитетот и безбедноста на нашиот мед.
АНАЛИЗА НА ФАКУЛТЕТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА – СКОПЈЕ
Melius Raw Honey
Се карактеризира со светло-килибарен мед со постојан, но умерен горкосладок вкус. Интензивен и богат ароматичен профил со благороден вкус на дрво, кратка ароматична нота на бадем и постојан завршен вкус на карамела.“ – д-р Raffaele Dall’Olio
Медот доминантно потекнува од Paliurus spina-christi или Ерусалимскиот трн од ридовите покрај реките Пчиња и Вардар кои и се карактеризираат со исклучителна биолошка разновидност, типична за заштитените подрачја. Во ваквите ботанички резервати пчелните семејства на Gold Bricks се одгледуваат по принципите на добра пчеларска практика, а пред се со примена на биотехничките методи како современа алтернатива на синтетичките хемиски средства. На тој начин, Gold Bricks одржува хармонија со природата, а преку своите пчели дополнително придонесува за заштита на биолошкиот диверзитет.
Анализите на EURОFINS и Italian Register of Experts in the Sensory Analysis of Honey се потврда за квалитетот и безбедноста на нашиот мед.
