Melius
Virgin Honey +
Premium Honey

Двојна кутија - 2 x 250гр.

Melius
Virgin Honey +
Premium Honey

Двојна кутија - 2 x 250гр.

2.900,00 ден

Нутритивни вредности во 100 g производ
Virgin HoneyPremium Honey
Енергетска вредност334 kcal / 1398 kJ343 kcal / 1434 kJ
Јаглехидрати83% 85%
Шеќери83% 84%
Масти0.00 %0.00%
Заситени масти0%0%
Протеини0.78 ± 0.04 %1%
Сол< 0.2%< 0.2%
HMF< 1.00 mg/kg<2 mg/kg

Да се чува на собна температура.
Медот може природно да кристализира,
но и понатаму останува совршено вкусен.
Не се препорачува за деца под 12 месеци.
Рок на употреба: неограничен.

Melius Virgin Honey

Мед со единствена арома, вкус и квалитет од падините на Меденица каде веднаш под небесниот свод пчелите го создаваат овој ендемичен коктел од нектар и полен. Добиен на 1680 метри надморска висина MELIUS VIRGIN HONEY потекнува од недопрена природа на Националниот парк Маврово што е една од причините за супериорниот квалитет и безбедност. Тука, во срцето на Бистра, нектарот и поленот од цветовите на најмалку 27 локални и ендемични видови медоносни растенија го прават овој пчелен производ раритетен и достапен само за малкумина.

“MELIUS VIRGIN HONEY е мед со светло-килибарна боја и постојан и префинет сладок интензитет. Се карактеризира со специфичен профил на цветна и овошна арома со контури на елегантниот Crème de cassis.д-р Raffaele Dall’Olio

Анализите на EURОFINS и Italian Register of Experts in the Sensory Analysis of Honey се потврда за квалитетот и безбедноста на нашиот мед.

АНАЛИЗА НА EURОFINS

АНАЛИЗА НА ФАКУЛТЕТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА – СКОПЈЕ


Melius Premium Honey

Комбинација од мед и полен со широк ботанички спектар. Поленот, механички измешан во MELIUS мед, претставува дополнителен одличен извор на јагленохидрати, протеини, есенцијални масни киселини, масти, витамини, минерални материи и други биогени материи. MELIUS поленот е со познато локално и ендемско ботаничкото и географско потекло и истиот е добиен со користење на специјални поленофаќачки на влезот на кошниците. На тој начин, свежиот полен редовно се собира, класифицира и хигиенски складира со цел максимално да се задржат оригиналните биостимулирачки својства.

Претставува одличен и редовен додаток во храната за подобрување на имунитетот, општата здравствена состојба, а може да се користи и за орална имунотерапија на алергии.

Поради ризик од појава на алергија пред употреба на производите со полен да се консултира доктор.

Анализите на EURОFINS и Italian Register of Experts in the Sensory Analysis of Honey се потврда за квалитетот и безбедноста на нашиот мед.

АНАЛИЗА НА EURОFINS

АНАЛИЗА НА ФАКУЛТЕТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА – СКОПЈЕ