“MELIUS RAW HONEY се карактеризира со светло-килибарен мед со постојан, но умерен горкосладок вкус. Интензивен и богат ароматичен профил со благороден вкус на дрво, кратка ароматична нота на бадем и постојан завршен вкус на карамела.“ – д-р Raffaele Dall’Olio
Медот доминантно потекнува од Paliurus spina-christi или Ерусалимскиот трн од ридовите покрај реките Пчиња и Вардар кои и се карактеризираат со исклучителна биолошка разновидност, типична за заштитените подрачја. Во ваквите ботанички резервати пчелните семејства на Gold Bricks се одгледуваат по принципите на добра пчеларска практика, а пред се со примена на биотехничките методи како современа алтернатива на синтетичките хемиски средства. На тој начин, Gold Bricks одржува хармонија со природата, а преку своите пчели дополнително придонесува за заштита на биолошкиот диверзитет.
Анализите на EURОFINS и Italian Register of Experts in the Sensory Analysis of Honey се потврда за квалитетот и безбедноста на нашиот мед.

