Занимливости

Нобелова награда за пчелите!

Во 1973 година германскиот научник Karl von Frisch  ја добил Нобеловата награда за истражувањата во врска со комуникацијата кај пчелите т.е. го открил Танцот на пчелите. Танцувајќи во форма на осумка пчелите кои пронашле нектар и полен ги информираат другите пчели во кошницата за правецот и одалеченоста на растенијата и тоа, интересно, во однос на позицијата на сонцето! При таквите танцови пчелите може да ја пренесат и информацијата за мирисот на храната, така што пчелите „ученици“, кога ќе излетаат од кошницата, лесно можат сами да го најдат изворот. Фасцинантно, се верува дека постојат и „дијалекти“ помеѓу пчелите од далечни региони.