MELIUS PREMIUM HONEY е комбинација од мед и полен со широк ботанички спектар. Поленот, механички измешан во MELIUS мед, претставува дополнителен одличен извор на јагленохидрати, протеини, есенцијални масни киселини, масти, витамини, минерални материи и други биогени материи. MELIUS поленот е со познато локално и ендемско ботаничкото и географско потекло и истиот е добиен со користење на специјални поленофаќачки на влезот на кошниците. На тој начин, свежиот полен редовно се собира, класифицира и хигиенски складира со цел максимално да се задржат оригиналните биостимулирачки својства.
Претставува одличен и редовен додаток во храната за подобрување на имунитетот, општата здравствена состојба, а може да се користи и за орална имунотерапија на алергии.
Поради ризик од појава на алергија пред употреба на производите со полен да се консултира доктор.
Анализите на EURОFINS и Italian Register of Experts in the Sensory Analysis of Honey се потврда за квалитетот и безбедноста на нашиот мед.
