ПРИКАЗНАТА ЗА МЕДЕНИЦА

Кој и да застанал на тлото на Македонија, почувствувал дека од него блика животна сила која не постои никаде на светот. Како да сонцето никојпат не оди зад хоризонтот, туку останува да сјае и грее сокриено во нејзината душа. Оттаму во оваа магична земја е сочувано она најдоброто што животот го нуди – човечка топлина, љубов кон убавото, искрена среќа, и суштинска, органска природност…Во таа бајковитост, на секој чекор извираат легенди. И тие легенди не се само приказни, туку драгоцени преданија кои од заборавот го чуваат највредното. Вистинити легенди, полни живот. А некои, најдрагоцените, се сеуште нераскажани.

Една од нив е легендата за Меденица. Легендата за местото каде се создава чудесниот еликсир, единствен таков на целиот свет. Во таа бајковитост, на секој чекор извираат легенди. И тие легенди не се само приказни, туку драгоцени преданија кои од заборавот го чуваат највредното. Вистинити легенди, полни живот. А некои, најдрагоцените, се сеуште нераскажани. Велат дека патникот кој ќе се најде на подножјето на планината Бистра, од Меденица, нејзиниот врв, го слуша повикот на исконското. И чувствува во себе дека тој повик треба да се следи.

И така чекор по чекор, тргнува кон врвот на планината. Минува крај куќи од чии прагови насмеаните домаќини го испраќаат во откритието на нов живот, чија силина патникот сеуште не ја знае. Поминува покрај недопрена природа која со своето постоење и пркоси на вечноста. Минува крај река со кристално чиста вода, чиј жубор му ја најавува симфонијата пред него. Минува крај светилишта изградени пред многу векови, инспирирани од повикот на вишата сила, знаејќи дека токму тука, под Меденица треба да опстојат и сведочат за сета оваа магија. А тука, на дофат пред самиот врв Меденица, патникот застанува да се одмори. И тогаш се случува она што досега не е напишано, но се прераскажува од оние на кои им се случило. Воздухот го исполнуваат опојните мириси на лековитите планинските билки од Меденица, кои влеваат нов живот во телото и душата на патникот. Силата му се враќа, радоста го исполнува, мислите се бистрат, и човекот тогаш чувствува дека засекогаш би можел да биде млад, остане ли на тоа место. Чувствува како цветовите, како круни на животот на автохтоните планински растенија ги ослободуваат најбогатите етерични мириси за да го облагородат воздухот. Да го подарат животот кој така внимателно го собрале во себе. Сето тоа што благородните билки го собирале цела година од божествената, недопрена природа, во време на цветањето го принесуваат на олтарот. И во воздухот се чувствува чудотворност, како сè да се подготвува капка по капка, да се претвори во еликсир.

И патникот тогаш разбира, дека отсекогаш, токму тоа и го барал.

Свето место на кое блика…

Животна есенција.